Фирмите и натаму тешко до кредити

Bez autora
Oct 24 2013

Македонскиот бизнис и натаму останува „гладен“ за банкарски кредити. Тоа го покажува најновиот извештај на Народна банка на Македонија, од кој може да се види дека во септември годинава компаниите во земјава не само што не добиле нови кредити од банките за финансирање на своите потреби, туку кредитирањето за нив дури и се намалило, и тоа за два милиона евра. Затоа, пак, населението и натаму го има епитетот на омилен банкарски клиент. Во септември банкарското кредитирање кон граѓаните се зголемило за 11,5 милиони евра, говорат податоците на НБМ. Тој тренд трае неколку месеци наназад, граѓаните да имаат примат кај банките при доделувањето кредити.

Фирмите и натаму тешко до кредитиМакедонскиот бизнис и натаму останува „гладен“ за банкарски кредити.

Тоа го покажува најновиот извештај на Народна банка на Македонија, од кој може да се види дека во септември годинава компаниите во земјава не само што не добиле нови кредити од банките за финансирање на своите потреби, туку кредитирањето за нив дури и се намалило, и тоа за два милиона евра.

Затоа, пак, населението и натаму го има епитетот на омилен банкарски клиент. Во септември банкарското кредитирање кон граѓаните се зголемило за 11,5 милиони евра, говорат податоците на НБМ. Тој тренд трае неколку месеци наназад, граѓаните да имаат примат кај банките при доделувањето кредити. Всушност, колку е населението битно кај банките како корисник на нивните заеми, може да се види од преполнетиот рекламен простор по медиумите, во кој банките нудат најразлични кредити за граѓаните, од станбени, па до потрошувачки за најразлични намени, конкурирајќи си меѓу себе и со каматните стапки, и со другите поволни услови што притоа се одобруваат.

Токму порастот на заемите за граѓаните се главниот фактор кој придонел во септември да има месечен раст на вкупните кредити доделени од банките во земјава, од 10,3 милиони евра. Со тоа, вкупното кредитирање во септември се искачило на 3,67 милијарди евра, што значи дека толку вкупно граѓаните и фирмите им должат на банките во земјава.

Централната банка во неколку наврати досега укажува дека кредитирањето на компаниите оди слабо. Конкретно, во последниот извештај од таму имаа нагласено дека во септември има мал месечен раст на кредитната активност, при што паднало кредитирањето на корпоративниот сектор, а натамошен раст бележи кредитната поддршка на секторот население. Според НБМ, кај банките се' уште се присутни согледувања за ризици од кредитирањето на фирмите, а централната банка како еден од факторите и натаму ги наведува и „конзервативните стратегии применувани од големите банкарски групации“. Но, централната банка смета дека мерките што таа ги презеде ќе имаат стимулативни ефекти врз подготвеноста на банките за кредитирање во следниот период.

Проблематичните заеми и натаму држат високо ниво, иако во септември продолжува трендот на нивно намалување, кој почна во август. Во деветтиот месец од годинава нивното ниво е 422 милиони евра, односно 11,51 отсто од вкупното кредитно портфолио во земјава.

Кога станува збор за депозитите, нивното вкупно ниво во земјава во септември продолжува да се зголемува, и се позиционира на 4,12 милијарди евра, или вкупен пораст за период од еден месец е 15,6 милиони евра.

Претходниот месечен раст на вкупните депозити, пак, односно оној во август во однос на јули, бил многу поголем и изнесувал 87 милиони евра.

Компаниите веќе не ги повлекуваат своите средства од банките, како што тоа во неколку претходни месеци го практикуваа, па дури и на поголеми суми. Напротив, во последните два месеци се зголемуваат нивните депозити во банките, но во септември порастот изнесува скромни 700 илјади евра.

Затоа, пак, кај граѓаните, покрај тоа што дел од нив значајно користат банкарски кредити, друг дел упорно продолжува да штеди. Па така, штедните влогови на граѓаните во септември се зголемиле за 10 милиони евра, покажуваат последните податоци на централната банка.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik